Хансен изби на врвот, но најдобар стрелец ќе биде Илиќ или Лазаров
![]()
Данскиот голгетер Микел Хансен постигна 15 гола во поразот на неговиот ПСЖ во Унгарија против Веспрем. Сепак ниту тоа не му беше доволно на францускиот претставник да мине во полуфиналето. Но со ова постигање, Хансен изби на првото место на листата на стрелците со 103 гола. Со 9 гола против ППД Загреб, Лазаров се доближи на само два гола помалку од Момир Илиќ, кој даде 7 гола против „светците„. Со оглед на тоа што и двајцата имаат уште по два меча, извесно е дека најдобар стрелец оваа сезона ќе биде или Лазаров или Илиќ.
Реприза на ланскиот Final four со Киелце место Фленсбург
![]()
Со одигрувањето на денешните три реванш средби од четвртфиналето на Лигата на шампионоте, познати се четирите екипи, кои ќе играат на Final four завршницата во Келн на 30 и 31 мај. Во вторник ќе бидат познати полуфиналните парови, а можни противници на Барселона на Кирил Лазаров се германскиот Кил, полскиот Киелце и унгарскиот првак и победникот на СЕХА лигата оваа сезона, Веспрем.
ФОТО+ВИДЕО: Свечена вечера на старо-новите шампиони на Шпанија
![]()
Остварени се сите досегашни цели во сезоната на Барселона. Клубот освои пет трофеи и во последните 40 дена од сезоната ќе влезе со реални шанси за уште два трофеи. Ако успеат да слават во Лигата на шампионите и Купот на Кралот, а во двете натперварувања се во полуфиналето, ракометарите на Пасквал ќе освојат неверојатни седум трофеи во сезоната. По повод петтата последователна титула во ASOBAL лигата, клубот организираше свечена вечера на која сите ракометари и членови на стручниот штаб со своите семејства можеа да прослават уште една ASOBAL лига преполна со победи и рекорди.
Петти Final four за Барса, шесто полуфинале за Лазаров
![]()
Победата против ППД Загреб за екипата на Барселона значеше ново учество на завршниот турнир или петти Final four од вкупно шест од формирањето на овој тип на завршница во Лигата на шампионите. Само во сезоната 2011/12 кога беше елиминирана од Копенхаген, екипата на Пасквал не стигна до „Ланксес арената„ а го освои трофејот во сезоната 2010/11 кога во финалето го совлада Сиудад Реал на Кирил Лазаров со 27:24.
Егзибиција и убедлива победа со „виза„ за Келн за каталонците
![]()
Барселона - ППД Загреб 43:21 (23:10)
Со убедливо издание и победа во која се гледа разликата во класи, ракометарите на Барселона го визираа пасошот за Келн со уште едно учество на Final four, трето по ред. Многу сериозно и организирано во двата правци тргна фаворитот и Карабатиќ на додавање на Гурбиндо веднаш донесе водство од 2:0. Ентрериос, Лазаров од седмерец и Сигурдсон уште во 6 минута најавија како ќе се одвива натпреварот.
Германците Гајпел и Хелбиг судат во „Палау Блауграна„
![]()
Германските судии Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг се делегирани за делење на правдата на вториот меч од четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Барселона и ППД Загреб в сабота од 18:30 часот во „Палау Блауграна„ во Барселона. Делегати на ЕХФ се Панос Антониу од Кипар и Феликс Рац од Швајцарија.
Ниокас повреден, го пропушта двомечот со Македонија
![]()
Десното крило на бундеслигашот Гепингем, Аликс Кевин Ниокас заработи повреда на мускулот од десната нога и неколку недели ќе биде надвор од ракометните терени. Така нема да настапи за својот клуб против Кил на 22 април и на двата меча на француската репрезентација против Македонија на 29 април во Скопје и на 3 мај во Тулуз.
Хихон ќе биде домаќин на Final four на Купот на шпанскиот Крал
„Паласио де ла Депортес Гуаиа„ во Хихон која собира 5.500 гледачи ќе биде местото, каде ќе се одржи завршницата на Купот на Кралот во ракомет на 6 и 7 јуни. Одлуката треба ASOBAL лигата да ја потврди, но сите детали се договорени и Хуанферса ќе игра на домашен терен. Четирите полуфиналисти кои ја очекуваат ждрепката наредната недела се Барселона на нашиот Кирил Лазаров, домашната Хуанферса, ланскиот фаворит Грањолерс и Анхел Хименез.
Обрван повика 28 имиња во поширокиот избор за двомечот со Франција
![]()
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави поширокиот список за двомечот со Франција на 29 април во Скопје и на 3 март во Тулуз. Од мундијалскиот избор го нема Ванчо Димовски, сврстен е и повредениот Никола Маркоски, а повикани се и осум повратници. Собирот во Скопје е на 27 април.
Периќ и Дибиров гости на кампот „Кирил Лазаров 7„
![]()
Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7 " ќе се одржи од 22 до 28 Јуни во комплексот на „Хотел Аквалина" на брегот на охридското езеро, во организација на „КМГ Спорт", а под „диригентската палка" на најдобрата седумка во светот на ракометот, Кирил Лазаров.




