hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Киелце во Келн доаѓа со Куп титулата в џеб

kielce kup 2

Противникот на Барселона на Кирил Лазаров во полуфуналето на Лигата на шампионите, Киелце на Талант Душебаев го освои Купот на Полска, откако во финалниот меч на Final four турнирот ја совлада Висла Плок на Каденас со 26:23 (11:9). „Жолтите„ водеа во текот на сите 60 минути, а ветеранот Карел Биелицки со 9 гола беше најефикасен и најдобар поединец на средбата.

Кај поразената Висла, Тиуменцев кој од наредната сезона ќе игра за Мешков Брест, беше автор на 6 гола. Финалето во Варшава го следеа 4621 гледач, а за МВП на целиот завршен турнир е прогласен Камил Сипрзак од Висла. Претходно во полуфиналето Киелце го совлада Горник Забрзе со 38:28, а Висла беше подобра од Азоти Пулави со 40:37.

Share