Момците на Лазаров ќе ги почнат квалификациите против Грција
![]()
Македонските ракометари добија поволна група, во која ќе играат со еден гигант и два аутсајдери. Шведска е голем фаворит во групата, а преки Грција и Луксембург треба да се избориме за пласман на шампионатот во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Македонија ги доби Грција, Шведска и Луксембург во евро-квалификациите
![]()
Македонската ракометна репрезентација ги дозби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Словачка противник во мундијалскиот бараж, првиот дуел на гостински терен
Словачка ќе биде противникот на македонската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година. Ова стана јасно откако Словачка со вкупен резултат го доби двомечот против Украина.
Лазаров: Моите ракометари покажаа карактер во Австрија!
![]()
Ракометната репрезентација на Македонија ремизира со Австрија (30-30) во пријателскиот натпревар кој е единствен оваа година пред бараж дуелот за следното Светско првенство. Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, изрази задоволство од настапот на неговите избраници во Брегенц.
Македонија ремизираше во Брегенц, Кузмановски од седмерец автор на клучниот гол
![]()
Австрија - Македонија 30:30 (15:15)
Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено, 30:30, против Австрија на единствениот контролен натпревар во мартовкста ЕХФ-недела. Селекторот Кирил Лазаров во Брегенц поведе комбинирана селекција и без неколку искусни ракометари, но нашиот национален тим одигра одличен меч против соодветната австриска селекција, водена од Икер Ромеро. Македонија имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, а кон средината на второто полувреме и од четири гола разлика.
Лазаров: Свесно сакавме да играме на гости против силна репрезентација како Австрија
![]()
Македонската ракометна репрезентација ја очекува пријателски натпревар против Австрија на гостински терен во Брегенц на 21. март од 18:00 часот. Ова ќе биде „филтер" пред баражот за пласман на Светското првенство идната година со победникот од дуелот помеѓу Украина и Словачка.
Репрезентацијата пак се собра, започна „операцијата Австрија“
![]()
По Европското првенство во Данска повторно е време за репрезентативниот ракомет. Репрезентацијата на Македонија ќе го искористи празниот ЕХФ прозорец во март за да тестира против селекцијата на Австрија. Пред нашите момци е тест на силите за претстојниот бараж за Светското првенство кое се игра следниот јануари.
Познат составот на дуелот во Брегенц во рамките на ЕХФ неделата
![]()
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари за претстојниот натпревар против Австрија, при што во составот има неколку промени во однос на претходните собири.
Македонија ќе спарингува против Австрија во март во Брегенц
![]()
Селекторот Кирил Лазаров веќе ги планира активностите за 2026 година. По ждрепката за баражот за Светското првенство во Германија, нашиот национален тим ја проектира иднината и ќе се обиде во оптимална форма да го дочека двомечот од баражот во мај против Словачка или Украина.
Напредок од четири места за македонската репрезентација на ЕХФ ранкинг листата
![]()
Македонската ракометна репрезентација напредуваше за четири позиции на новата ранкинг листа на Европската федерација.




