
Светскиот првак Франција остана послаба за неколку ракометари од тешко извојуваната победа во СЦ „Борис Трајковски" во Скопје против Македонија. Повреда заработи десниот бек во составот на Клод Онеста и бивш соиграч на Лазаров во Атлетико Мадрид, Ксавиер Бараше и нема да може да настапи на реваншот во Тулуз в недела. Дополнително е повикан Адријан Ди Панда, од Сант Рафаел.
Неизвесен е настапот на Вилијам Акамбре кој се пожали на болка во коленото по сударот со Јоноски. Од поодамна се знае дека заради повреда нема да настапат Наррцис, Жером Фернандез и Ниокас.