Лазаров: „Никој во светот не може да најавува победа против Франција„
![]()
Само што завршија првенствените мечеви овој викенд, денес се собраа македонските репрезентативци и ќе имаат само два дена и неколку тренинзи да го подготват мечот со првакот во се и сешто, Франција на Клод Онеста. Без четворица од мундијалскиот избор (Митревски, Вугринец, З. Мојсоски и Н. Марковски), селекторот Обрван по втор пат ќе се соочи со „триколорите„ в среда од 20:15, откако во Нант во финалето на турнирот во јануари, Франција ја совлада Македонија со 30:20.
Од Хихон, Барса носи нова победа против жилавата Хуанферса
![]()
Хуанферса - Барселона 24:34 (14:18)
Мечот во Хихон со Хунаферса, како да беше најава за завршницата од Купот на Кралот и последен меч пред репрезентативната пауза. Во првите 10 минути Хуанферса беше рамноправен противник и пет пати израмнуваше до 6:6. Лазаров добро го почна мечот и имаше гол и асистенции во рана фаза од мечот. Саубич и Арињо со брзи голови од полуконтра го најавија периодот на одлепување на фаворитот.
Барса реализира 72% од ударите во ASOBAL лигата
![]()
Барселона во ASOBAL има неверојатна реализација од 72 % од упатените удари. Колкава е разликата во квалитетот меѓу Барселона и останатите екипи од најсилната шпанска лига се гледа и од фактот дека Барселона погодува во 72 % од ударите упатени кон голот на противниците.
Во вторник прес-конференција и дружење со Лазаров во „Сити Мол„
![]()
Агенцијата за спортски маркетинг, менaџмент и консалтинг КМГ Спорт во соработка со Скопје Сити Мол за вторник на 28.04.2015 година со почеток од 14 часот подготвува дружење за сите фанови на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров.На дружењето ќе му претходи прес конференција од 13:30 часот.
Започнува пријавувањето на кампот „Кирил Лазаров 7„
![]()
Агенцијата за спортски маркетинг КМГ Спорт од денес 23.04.2015 година стартува со пријавувањето за сите заинтересирани кандидати (момчиња и девојчиња на возраст од 10 – 17 години) за ракометниот камп „Кирил Лазаров 7", кој од 22 до 28 Јуни ќе се одржи во Охрид.
Сармиенто денес „под нож„ ќе отсуствува 3-4 недели
![]()
Средниот бек на Барселона и шпанската репрезентација, Даниел Сармиенто денес ќе мора да подлегне на оперативен зафат на десната рака, како би ги решил болките и проблемите со кои се соочува во последно време. На мечот со Вила де Аранда болките беа големи и ракометарот со лекарската служба решија веднаш да следи операција.
Барса и Киелце ќе го отворат Final four турнирот
![]()
Ден по ждрепката за полуфиналето, ЕХФ ја одреди и сатницата за полуфиналните мечеви во Лигата на шампионите во „Ланксес арената„ во Келн. Така Барселона и Киелце ќе го играат првото полуфинале в сабота на 30 мај во 15:15часот. Веднаш потоа од 18:00 часот ќе се игра второто полуфинале помеѓу Кил и Веспрем.
Нов „фестивал од голови„ за Барса против Вила де Аранда
![]()
Барселона - Вила де Аранда 46:30 (23:13)
На Барса му преостана полесниот дел од работата во последниот месец од ASOBAL лигата. Момците на Пасквал имаат пет недели да го подготват Final four турнирот од Лигата на шампионите во Келн и мечот со Вила де Аранда вечерва во „Палау Блауграна„ беше еден вид полесен тренинг. Шариќ добро почна на голот, а Нодесбо и Гурбиндо брзо донесоа 4:1 во 6 минута. Разиграниот Сармиенто погоди од место за 9:4 во 12 минута.
Киелце и Душебаев стојат на патот на Лазаров и Барса до финалето
![]()
Денешната виенска ждрепка за полуфиналето на ракометната Лига на шампиони, на Барселона му го донесе истиот противник од пред две сезони. Полскиот првак Киелце кој на патот до Келн ги елиминира Монпеље и Вардар ќе биде ривал на Лазаров и другарите. Во сезоната 2012/13 овие две екипи се сретнаа во „Ланксес арената„ и каталонците беа подобри, но подоцна загубија од Хамбург во финалето.
ФОТО: „Аквалина„ е домот на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„
![]()
Ова лето во Охрид ќе се одржи првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7„. Организаторот за свој дом го одбра хотелот „Аквалина„ кој ги нуди сите услови за професионална работа на учесниците на кампот.




