Онеста ќе го ризикува Нарцис со Македонија
![]()
Конечно добра вест за Клод Онеста и светскиот првак. „Триколорите„ денес ќе бидат посилни за Даниел Нарцис, бекот на ПСЖ кој не играше на првиот натпревар во Скопје и е подготвен, па ќе биде во протоколот за мечот со Македонија. Тој се пожали на повреда, но откако на листата на повредени се впишаа имињата на Вилијам Акамбре и Ксавиер Бараше, селекторот сепак се реши да го ризикува Нарцис.
ФОТО: Македонските ракометари ја почувствуваа салата во Тулуз
![]()
По вчерашниот долг пат, македонската ракометна репрезентација денес имаше слободно претпладне и попладневен тренинг на кој Лазаров и другарите за прв пат се запознаа со арената во Тулуз, каде утре ќе се игра четвртиот меч од квалификациите за ЕП во Полска. Гоце Георгиевски, Борко Ристевски и Кирил Лазаров веќе добро го познаваат утрешното борилиште.
Чешка си ја заврши работата и по втор пат ја доби Швајцарија
![]()
Чешка изби на второто место во седмата квалификациона група на неполни две кола до крајот на квалификациите за ЕП во Полска наредната година. Попладнево во Плзен, Чешка по втор пат во четири дена ја совлада Швајцарија со 29:25 (15:13) и стигна до 5 бода по 4 одиграни меча. Текот на настаните и резултатот се одвиваше како во Шафхаузен во средата, кога чесите славеа со 30:26.
Онеста дополнително го повика Дипанда од Сант Рафаел
Адријан Симон Дипанда за прв пат е повикан во репрезентацијата на Франција на два дена до мечот со Македонија в недела во Тулуз. Повредите не го штедат светскиот првак, па по Бараше, одпадна од комбинација и Акамбре, а левиот бек на Сант Рафаел е премиерно повикан во дресот со државниот грб.
Заврши сезоната за Акамбре, следи пауза од 4 месеци за асот на ПСЖ
![]()
За левиот бек на ПСЖ, Вилијам Акамбре заврши сезоната поради повредата што ја доби на почетокот на вториот дел на дуелот меѓу Македонија и Франција во Скопје во средата. Тој го повреди коленото, а по лекарските прегледи е утврдено дека станува збор за повреда на менискусот и лигаментите на коленото. Репрезентативецот и бившиот ас на Монпеље по операцијата ќе мора да мине и четири месеци на рехабилитација.
Ракометарите одлетаа за Тулуз
![]()
Попладнево од аеродромот „Александар Велики„ од Скопје, делегацијата на Македонската ракометна репрезентација замина за Тулуз, каде ќе стигне преку два авионски лета. Утре момците на Обрван ќе имаат тренинзи во Тулуз каде ќе се игра натпреварот и каде Гоце Георгиевски настапува за истоимениот клуб.
ВИДЕО: Сорондо: „Се играше на детали, а тие на крајот беа на наша страна„
![]()
Победата во Скопје, светските прваци скоро и математички да ги квалификува за европското првенство во Полска, каде ќе го бранат златото освоено во Данска пред 16 месеци. Еден од адутите на Клод Онеста и на мечот со Македонија е Седрик Сорондо, кој констатираше дека не е лесно да се победи на теренот на Македонија, како и дека нема да биде лесно да се победи на гостувањето кај Чешка:
ФОТО: Лазаров гостин на „Bauerfeind„
![]()
Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров денешното претпладне го искористи да ги посети своите пријатели од „Bauerfeind„ и да поразговараат на актуелни теми. Секако денес најчесто се коментира синоќешниот натпревар против Франција и испуштената шанса за подвиг против светскиот првак.
Бараше повреден, Онеста го повика дебитантот Ди Панда
![]()
Светскиот првак Франција остана послаба за неколку ракометари од тешко извојуваната победа во СЦ „Борис Трајковски" во Скопје против Македонија. Повреда заработи десниот бек во составот на Клод Онеста и бивш соиграч на Лазаров во Атлетико Мадрид, Ксавиер Бараше и нема да може да настапи на реваншот во Тулуз в недела. Дополнително е повикан Адријан Ди Панда, од Сант Рафаел.
Мојсоски повреден, не патува за Тулуз
![]()
Стравувањата се потврдија и синоќа на прес-конференцијата по мечот против Франција, селекторот Ивица Обрван обелодени дека средниот бек на нашата селекција, Наумче Мојсоски е посериозно повреден и нема да може да игра на реваншот во Тулуз со Франција.




