hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Абало: „Сакаме да играме вакви мечеви, секако дека искуството одлучи„

abalo - angelov

Кога игравме во Нант во јануари на турнирот пред мундијалот, Лук Абало не настапи заради повреда, поради која подоцна го пропушти и светското првенство. Но на мечот синоќа во СЦ „Борис Трајковски„ ги покажи своите неверојатни моменти на светска класа. По мечот ни откри што беше одлучувачко за победникот:

„Секако дека искуството е клучно. Ако имаш страв кога се решава мечот, секако дека ќе изгубиш. Но ние имавме „ладна глава„ игравме со многу стрпливост и интелегенција на крајот од мечот и тоа одлучи. Точно е дека сме искусна репрезентација и сакаме да играме вакви натпревари. Секогаш е атрактивно да играш вакви натпревари. Не знам кој ќе виде втор во групата, но Македонија на овој терен може да победи било кого и мислам дека можат да завршат на второто место„ заклучи Абало. В недела во Тулуз со домашна победа, Франција ќе биде и математички прва во групата и квалификувана за наредното европско првенство. Мечот почнува во 17:05 часот, а сите билети се распродадени.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share