Моќно издание на Барса и најава за нов Final four
![]()
ППД Загреб - Барселона 23:25 (10:14)
Во фантастичен амбиент 12.000 гледачи се собраа во загребската „Арена„ за мечот кој претставуваше само прво полувреме од последната пречка пред завршницата во Келн. Хрватската публика не го заборави Кирил Лазаров и го награди со аплаузи пред почетокот на средбата.
Пасквал: „Тимовите се секогаш одраз на тренерот, па така е и со Загреб„
![]()
Од синоќа Барселона е во Хрватска и го подготвува дуелот на два традиционални ривали во последните 30 години во европскиот ракомет. ППД Загреб иако на хартија е аутсајдер, е голем клуб, зад себе има искусен тренер и армија на навивачи, па од Барселона мечот го сваќаат многу сериозно и ќе се обидат голем дел од работата да завршат на овој натпревар во Хрватска.
Лазаров во комбинација за идеалниот тим на Лигата на шампионите
![]()
Европската куќа на ракомет ги номинираше најдобрите ракометари, и тренери на тековната Лига на шампиони и кандидатите за идеалниот тим. Меѓу нив се најде и најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампионите, Кирил Лазаров. Еве ги комплетните номинации:
„Разграбани„ сите билети за мечот ППД Загреб - Барселона
![]()
В четврток од 20:10 часот ППД Загреб ја пречекува Барселона на својот бивш ракометар Кирил Лазаров во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Хрватскиот првак бесплатно ги дели билетите за натпреварите од Лигата на шампионите, но еден човек може да подигне најмногу две влезници, па во огромни редици се чека пред билетарницата на арената.
ВИДЕО: Вујовиќ: „Заслужив респект во Шпанија, Барса ќе биде шампион, ако Загреб не ги победи...„
![]()
Се наближува мечот кој не враќа во деведесеттите и честите финални средби на Барселона и Загреб Бадел. Овој пат не е финале, но за хрватскиот првак и Веселин Вујовиќ исто како да е. Салата во Загреб ќе биде исполнета, а Вујовиќ не крие дека во Шпанија оставил добра трага и затоа го ценат насекаде. Исто така е нескриен оптимист дека неговиот ППД Загреб може да го елиминира големиот каталонски тим:
Болницата „Филип втори„ партнер на кампот „Кирил Лазаров 7„
![]()
Ракометниот камп „Кирил Лазаров7„ како свој медицински пријател и партнер ја промовира Болницата за хирушки болести „Филип втори„ од Скопје. Како дел од кампот, договорена е соработка за комплетно покривање на настанот од страна на болницата. Така обезбеден е систематски преглед на членовите на кампот, вклучувајќи го и превозот до Скопје.
ЕHF ја наполни касата за идната Лига на шампиони
![]()
Следната сезона ќе се формира фонд од 1.000.000 евра за учесниците на Final four во Лигата на шампионите. На победникот на лигата ќе му припадне сума од 500.000 евра. Со тоа ќе се подигне нивото на натпреварувањето, интересот и фокусираноста на клубовите.
Лазаров и Карабатиќ за нова победа на Барса против Натурхаус
![]()
Барселона - Натурхаус Ла Роха 38:28 (19:13)
По четврт пат во сезоната се сретнаа Барселона и Натурхаус Ла Роха и пак епилогот беше ист. Многу поквалитетна екипа од Каталонија пак стигна до победа без многу мака и ја продолжи низата од успеси во домашното првенство. Елерт и Хуанин Гарсија го отворија мечот со водство на гостите од Логроњес со 0:2. Но лидерот брзо реагираше и Гурбиндо и Сармиенто израмнија, а Лазаров со два гола во 8 минута донесе комотни 6:2 за Барселона.
Грањолерс, Хуанферса и Анхел Хименез во полуфиналето на Купот на Кралот
![]()
Откако Барселона со две победи го совлада и елиминира тимот на Натурхаус Ла Роха, веќе ги знае и своите противници на завршниот турнир од Купот на Кралот на 6 и 7 јуни. Најголема драма имаше во четвртфиналниот меч помеѓу Грањолерс и Адемар Леон, во кој по продолжението каталонците обезбедија нов пласман на Final four, како и минатата година.
ВИДЕО: Илиќ: „Киро нека биде најдобар стрелец, само јас да бидам европски првак„
![]()
Минатогодишниот најдобар стрелец во Лигата на шампионите, србинот Момир Илиќ заедно со нашиот Кирил Лазаров е на врвот на листата на стрелците и оваа сезона. Но левиот бек на Веспрем би менувал се што може и би ги дал сите инвидуални награди за да ја освои Лигата на шампионите во Келн. Тој ги издвои германскиот и шпанскиот шампион како единствени фаворити од осумте преостанати најдобри екипи на континентот.




