hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Д-р Жан Митрев и болницата „Филип втори„ се од огромен значај за кампот

kamp 3

Kардиохирургот Д-р Жан Митрев и болницата „Филип Втори„ се соработници на кампот на нашиот најдобар ракометар „Кирил Лазаров 7„ и со задоволство прифатија да бидат дел од амбициозниот проект на ракометарот на Барселона. „Ние како институција сме почестени и горди дека ќе дадеме еден придонес од наша страна во однос на обезбедување на децата од здравствена и психолошка гледна точка" изјави Д-р Митрев, кој е одговорен и за организацијата на три едукативни работилници на кампот, во кои децата ќе добијат едукација од двајца лекари и од еден психолог.

kamp 2

Д-р Митрев е член на германско здружение за торакална и кардиоваскуларна хирургија, на американскиот колеџ за ангиологија и на уште многу светски престижни здруженија. Во 2002 година е избран за менаџер на годината од страна на центарот за развој на кадри од областа на менаџментот. Истата година е промовиран во академик - почесен член на академијата за наука ,,Платон". Во 2003 година добива благодарница и статуетка за хуманист на годината - доделена во чест на роденденот на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза. Добитник е на награда за меѓународен научник на годината од страна на „International Biographic Centre" во Кембриџ (Велика Британија). На 21 октомври 2003 година ја добива наградата - Man Of The Year - 2003 на американскиот биографски иснтитут - ABI. Има и уште многу награди, признанија, како и активности во светот на книжевноста и публикациите. Неговото присуство и присуството на болницата „Филип втори„ е од огромен значај за кампот и нејзиниот развој.

Share