hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Од Хихон, Барса носи нова победа против жилавата Хуанферса

juanfersa - barca

Хуанферса - Барселона 24:34 (14:18)

Мечот во Хихон со Хунаферса, како да беше најава за завршницата од Купот на Кралот и последен меч пред репрезентативната пауза. Во првите 10 минути Хуанферса беше рамноправен противник и пет пати израмнуваше до 6:6. Лазаров добро го почна мечот и имаше гол и асистенции во рана фаза од мечот. Саубич и Арињо со брзи голови од полуконтра го најавија периодот на одлепување на фаворитот.

Со два гола на Сорондо, предноста на шампионот во 17 минута порасна на високи 5 гола. Монтес и Арменгол реагираа и со мини-серија од 3:1, Хуанферса се врати до 11:13 во 23 минута. Раул Ентрериос преку блокот ја погоди мрежата на Пејчиновиќ за 12:15 во 25 минута. Се редеа голови наизменично од двете страни и Гурбиндо реализираше за 13:16 во 27 минута. Пејчиновиќ одбрани 7 топки и првиот дел екипата на Пасквал го доби со 14:18. Вториот дел започна со три последователни гола за гостите, благодарение на Арињо и Рутенка (14:21). Со истата инерција мечот влезе во период на обострани грешки и французинот Седрик Сорондо погоди по трет пат за 17:24 во 40 минута.

Предноста набргу од минимална стана двоцифрена. Сергеј Рутенка постигна ефектен гол за 18:28 на половина од играта во второто полувреме. Лазаров со гол од шест метри го внесе мечот во последните 10 минути при 20:30. Жалуз и Лазаров со уште два проектили го приведоа мечот кон крај за 22:32 во 55 минута. Финални 24:34 и нова победа без многу труд и со комплетна ротација на ракометарите за Пасквал. Во екипата на Барселона најефикасен беше Арињо со 7 гола, Рутенка постигна 5, а нашиот Кирил Лазаров беше автор на 4 гола. Голманот Гонзало имаше 12 интервенции. Кај Хуанферса од Хихон, Паредес Лапења постигна најмногу 5 гола, а голманот Александар Пејчиновиќ имаше 11 интервенции. Следува двонеделна репрезентативна пауза, заради двете кола од квалификациите за ЕП во Полска наредниот јануари 2016 година.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share