
Стравувањата се потврдија и синоќа на прес-конференцијата по мечот против Франција, селекторот Ивица Обрван обелодени дека средниот бек на нашата селекција, Наумче Мојсоски е посериозно повреден и нема да може да игра на реваншот во Тулуз со Франција.
„Мојсоски е посериозно повреден и нема да може да игра во Франција. На негово место ќе игра Филип Талески" откри Обрван. Стружанецот се жалеше на болка во шутерското рамо уште по првиот тренинг, во понеделникот, а настапи само одреден дел од натпреварот синоќа и не успеа да се запише меѓу стрелците.