hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Лазаров: „Долго го подготвував кампот, ова е инвестиција во иднината на нашиот ракомет„

kire-lazarov-pres3-615x400

На специјална прес-конференција денес во Скопје, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го претстави својот камп „Кирил Лазаров 7„ кој ќе го организира заедно со агенцијата КМГ од 22 до 28 јуни во Охрид. Веќе постои голем интерес за првото издание на кампот, кое ќе биде збогатено со присуството на гостите Тимур Дибиров и Дејан Периќ.

„Сите заедно во овој проект се обидуваме да инвестираме во младината, во Македонија. Идејата веќе подолго време ја имам во мојата глава и беше прашање само на денот кога ќе се реализира. Секогаш кога правам нешто сакам да бидам максимално посветен, професионален, сакам да го направиме на едно високо ниво, а потоа така да продолжиме и во наредните години. Досега од сите мои инвестиции, ова е можеби мојата најдобра инвестиција. Многу пати кога имам слободно време анализирам, се анализирам самиот себеси како сум стигнал овде каде што сум. На тој начин увидов дека сум имал празен од во кариерата. Сегашните услови за оваа младина се многу подобри отколку тие што сме ги имале ние како деца. Затоа тие мои напори ќе ги насочам кон младите, организирајќи го овој камп заедно со агенцијата КМГ" изјави Лазаров на средбата со новинарите.

lazarov-i-zan

Пријавувањето започна минатата недела, а сите заинтересирани можат да се пријават или на инфо-пултот во „Сити Мол" во Скопје, или по електронски пат на веб-страницата на КМГ спорт. Возраста на децата кои можат да учествуваат на кампот е од 10 до 17 години, а условот не е претходно тренирање ракомет. Првичниот план бил бројот на учесници да изнесува 120, но поради големиот интерес може да се прошири до 150 учесници.

ФОТО: Екипа

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share