hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: „Никој во светот не може да најавува победа против Франција„

kirefranc2

Само што завршија првенствените мечеви овој викенд, денес се собраа македонските репрезентативци и ќе имаат само два дена и неколку тренинзи да го подготват мечот со првакот во се и сешто, Франција на Клод Онеста. Без четворица од мундијалскиот избор (Митревски, Вугринец, З. Мојсоски и Н. Марковски), селекторот Обрван по втор пат ќе се соочи со „триколорите„ в среда од 20:15, откако во Нант во финалето на турнирот во јануари, Франција ја совлада Македонија со 30:20.

kirefranc1

„Играме со најдобрата светска репрезентација во последните 10 години и слекеција која доминира на секое првенство. Овој натпревар треба да го искористиме како една добра подлога, да видиме до каде сме. Имаме важен бод освоен во Злин против Чешка во овие квалификации и тоа треба да го шанса против фаворит како што е Франција да бидеме подготвени во главите и да ја искористиме. Во спортот се можни изненадувања, но нема да најавуваме победа, затоа што ниту еден тим во светот тоа не може да си го дозволи против една ваква селекција„ рече Лазаров при првиот собир во хотелот „Александар Палас„ во Скопје. Светскиот првак утре доаѓа во Скопје, а возвратниот меч, четврт за нашата селекција во групата е на 3 мај во Тулуз.

ФОТО: Спортмедиа

Share