hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Прв дуел Јоноски против Лазаров, Барса во полуфиналето на Купот

kire-lazarov vs la rioja

Куп на шпанскиот Крал - (четвртфинале) - втор натпревар
Натурхаус Ла Роха - Барселона 29:35 (14:18)

По убедливата победа во Логроњо, првакот и победникот на националниот Куп минатата сезона, Барселона без никакви проблеми го елиминира Натурхаус Ла Роха и обезбеди нов Final four, овој пат во Купот на Кралот. Овој меч беше и прв меѓусебен дуел на Ацо Јоноски против Кирил Лазаров во шпанската лига. Виктор, Сорондо и Рутенка брзо постигнаа три гола и фаворитот поведе со 0:3.

Повеќе...

ВИДЕО: Ј. Валчиќ: „Вујовиќ ни всади нова енергија и снага„

 NT18907 original

По децении ривалство и неколку години во кои не се сретнале во најсилниот Куп, Барселона и Загреб сега повторно имаат двомеч кој ќе остане во историјата. Сега влогот е полуфинале на Лигата на шампионите, а и покрај улогата на аутсајдер, од ППД Загреб веруваат дека и големата Барса мора да се „испоти„ да ги елиминира. Плејмејкерот Јосип Валчиќ не штедеше комплименти за противникот, но го потенцираше и Вујовиќ како нивни адут во четвртфиналето:

Повеќе...

Добредојде во Загреб за Кирил Лазаров од неговиот бивш клуб

kire19

Хрватскиот ракометен првак Загреб на 9 април ќе ја пречека Барселона во рамките на првиот четвртфинален натпревар од ЛИгата на шампионите, а по тој повод Фејсбук страницата на клубот од Хрватска посака посебно добредојде до еден ракометар, Кирил Лазаров. Лазаров два пати го носеше дресот на Загреб, а овој месец ќе се врати во градот каде што помина многу убави моменти и во кој освои дури 7 шампионски титули.

Повеќе...

Лазаров: „Ќе одвојам колку време и да треба за мојот камп„

kire kamp

Напоредно со сезоната во својот клув и репрезентација, Кирил Лазаров го подготвува секој детал за неговиот прв ракометен камп, кој ќе се одржи од 22 до 28 јуни во Охрид:

„Подготвен сум да одвојам време, подготвен сум цело мое знаење, се што сум постигнал и целото искуство стекнато во текот на кариерата да го пренесам на младите во мојата родна Македонија„ рече Лазаров.

Повеќе...

Сарачевиќ: „На Веспрем му се „тресеа гаќите„, со Барса ако не можеме оваа, тогаш другата година„

saracevic 6

Златан Сарачевиќ е еден од оние ракометни луѓе кои долго е во хрватскиот ракомет и во ППД Загреб, па може да ја забележи разликата во тимот со доаѓањето на Веселин Вујовиќ: „Одбраната е агресивна и цврста. Тоа е она на што Вујовиќ инсистираше од првиот ден од како дојде. Но тој им даде верба дека можат да играат со секого. Не се предаваме никогаш. Против Веспрем губевме 4 разлика и видовте немаше никаква паника. На крајот малку ги стегнавме, мислам дека малку „им се тресеа гаќите„. Мислам дека ќе дојде нашето време, сега видливо напредуваме. Сега сме екипа која не може никој да ја победи во Загреб, дома станавме жестоки, но имаме уште многу да работиме. Вујовиќ не сака да губи, но сега треба да одиме чекор подалеку.

Повеќе...

Лазаров се врати со 5 гола, нова убедлива победа за Барса

tomas vs benidorm

Барселона - Бенидорм 41:25 (19:15)

23 коло од ASOBAL лигата почна со нова лесна и убедлива победа на првакот Барселона и тоа против екипата на Бенидорм, која силно ги намачи каталонците во првиот дел од сезоната. Гостите добро го почнаа мечот и со головите на Перез и Квартеро Санчез поведоа со 0:2. Но парираа до 6:6 во 11 минута и потоа полека се загреа каталонската машина. Томас, Гурбиндо и Сорондо постигнаа пет неодговорени гола во интервал од 3 минути и гостинската клупа побара тајм-аут при 11:6. Шариќ и одбраната почнаа да функционираат и Бенидорм даде гол само во еден напад од десет последователни во централниот дел од полувремето.

Повеќе...

„Ланксес арената„ во Келн дом на Final four до 2020 година

lankses

Од состанокот на завршниот комитет ЕХФ одржан во шпанската Валенсија обелоденето е дека Келн и "Ланксес арената" ќе го организираат Final four турнирот на Лигата на шампионите до 2020 година. Важечкиот договор завршуваше во 2016 година, а новиот од 2017 до 2020 година.

Повеќе...

Шариќ: „Вујовиќ е карактерен тренер и тоа го пренесува на тимот„

barca - zagreb

По виенската ждрепката почнаа првите комбинации, првите најави за априлските четвртфинални мечеви кои ќе ги дадат учесниците на Final four турнирот во Келн. Од таборот на Барселона со респект гледаат на ППД Загреб и пред се на нивниот тренер Веселин Вујовиќ, кој е исклучително ценет во Шпанија, а пет сезони го носеше дресот и на Барселона.

Повеќе...

Лазаров: „Кампот е моја најдобра инвестиција„

mkd-tunis2-624x415

Ова лето за прв пат во Охрид ќе се одржи ракометниот камп на најдобриот Македонски ракометар, Кирил Лазаров. Самиот ракометар кој долго размислувал на оваа тема, го потенцираше кампот како најдобар негов потег во областа на спортот:

Повеќе...

Ова лето почнува ракометниот камп Кирил Лазаров 7

Share2015-03-24-04651644c9c12d1606870590d1de13620072661bf35cbff7101715a500cd6cdc-Picture

Веќе е официјално. Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров почнува нов проект, кој ќе биде полезен за најмладите, за иднината на македонскиот ракомет. Агенцијата за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент „КМГ Спорт" ќе биде организатор на Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„ кој ќе се одржи во Охрид од 22 до 28 јуни 2015 година.

Повеќе...