hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Важна победа на Чешка во Шафхаузен

ceska rakomet1

Швајцарија - Чешка 26:30 (12:14)

Пред 1450 гледачи во Шафхаузен, Чешката ракометна репрезентација ја забележа првата победа во квалфикациите за ЕП во Полска следната година. Чешка предводена од Петровски кој постигна 6 гола, водеше во текот на целиот натпревар и на крајот со 26:30 го совлада швајцарскиот тим кој сега е без шанси за пласман на едно од првите две места.

При 15:15 во 37 минута, гостите „нагазија„ и го добија мечот, кој им остава надежи за пласман во Полска, по ремито со Македонија во Злин и очекуваниот пораз во Франција. Кај Швајцарија, Шмит постигна 4 гола, а се истакна и Портнер на голот. Истите две селекции ќе играат меѓу себе за време на викендот, в сабота во 17 часот на чешко тло.

Share