hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Чешка си ја заврши работата и по втор пат ја доби Швајцарија

czech republic jicha 2015-600x401

Чешка изби на второто место во седмата квалификациона група на неполни две кола до крајот на квалификациите за ЕП во Полска наредната година. Попладнево во Плзен, Чешка по втор пат во четири дена ја совлада Швајцарија со 29:25 (15:13) и стигна до 5 бода по 4 одиграни меча. Текот на настаните и резултатот се одвиваше како во Шафхаузен во средата, кога чесите славеа со 30:26.

Блескаа чешките крила кои заедно постигнаа 14 гола во швајцарската мрежа. Македонија остана на 3 бода, а мали се шансите да направи нешто повеќе, бидејќи утре во 17:05 во Тулуз игра против Франција. Квалификациите завршуваа во втората недела од јуни, кога играме со Швајцарија во Сент Гален и со Чешка во Скопје.

Share