
За левиот бек на ПСЖ, Вилијам Акамбре заврши сезоната поради повредата што ја доби на почетокот на вториот дел на дуелот меѓу Македонија и Франција во Скопје во средата. Тој го повреди коленото, а по лекарските прегледи е утврдено дека станува збор за повреда на менискусот и лигаментите на коленото. Репрезентативецот и бившиот ас на Монпеље по операцијата ќе мора да мине и четири месеци на рехабилитација.
Акамбре има злато од светските првенства (Шведска 2011 и Катар 2015), европското првенство (Данска 2014) и Летните Олимписките игри (Лондон 2012). Одлично беше заменет со Тимотеј Н'Гуесан, кој само во второто полувреме постигна 5 гола во победата на Франција во Скопје со 23:25.