
Конечно добра вест за Клод Онеста и светскиот првак. „Триколорите„ денес ќе бидат посилни за Даниел Нарцис, бекот на ПСЖ кој не играше на првиот натпревар во Скопје и е подготвен, па ќе биде во протоколот за мечот со Македонија. Тој се пожали на повреда, но откако на листата на повредени се впишаа имињата на Вилијам Акамбре и Ксавиер Бараше, селекторот сепак се реши да го ризикува Нарцис.
Најдобриот светски ракометар за 2013 година тренираше со намален интензитет на првиот тренинг во Тулуз и неизвесно е колкава ќе биде минутажата на мечот со Лазаров и другарите. Средбата меѓу Франција и Македонија се игра денес во 17:05 во Тулуз.