ФОТО: Македонските ракометари ја почувствуваа салата во Тулуз

По вчерашниот долг пат, македонската ракометна репрезентација денес имаше слободно претпладне и попладневен тренинг на кој Лазаров и другарите за прв пат се запознаа со арената во Тулуз, каде утре ќе се игра четвртиот меч од квалификациите за ЕП во Полска. Гоце Георгиевски, Борко Ристевски и Кирил Лазаров веќе добро го познаваат утрешното борилиште.

Георгиевски игра на домашен терен, бидејќи веќе два месеци настапува за Тулуз, Ристовски со Кретеј често гостува за првенствени бодови против оваа екипа, а Кирил Лазаров два пати во последните две години со Барселона играше пријателски мечеви со францускиот лигаш. Сите билети за утрешниот натпревар се распродадени, а посебни емоции пред својата домашна публика ќе имаат Валентин Порт и селекторот Клод Онеста кои се родени и живеат во овој град.
Фото:Екипа




