
Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров денешното претпладне го искористи да ги посети своите пријатели од „Bauerfeind„ и да поразговараат на актуелни теми. Секако денес најчесто се коментира синоќешниот натпревар против Франција и испуштената шанса за подвиг против светскиот првак.
Лазаров на крајот доби пригодни подароци од компанијата. Утре македонската делегација патува за Франција, каде в недела во Тулуз ќе игра против вчерашниот противник во квалификациите за ЕП во Полска во јануари 2016 година.