
Попладнево од аеродромот „Александар Велики„ од Скопје, делегацијата на Македонската ракометна репрезентација замина за Тулуз, каде ќе стигне преку два авионски лета. Утре момците на Обрван ќе имаат тренинзи во Тулуз каде ќе се игра натпреварот и каде Гоце Георгиевски настапува за истоимениот клуб.
Мечот се игра в недела од 17 часот, а билетите се распродадени. За разлика од мечот во средата, Македонија е без Наумче Мојсоски, а Франција без Ксавиер Бараше. Ова е второ гостување на нашата селекција во Франција, откако на јануарскиот турнир пред мундијалот, најнапред го совладавме Алжир, а потоа загубивме во Нант од Франција со 30:20.