hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Обрван го врати Димитриевски за мечевите со Швајцарија и Чешка

dsc 6526

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван го објави списокот на ракометари на кои има 28 имиња, од кои ќе ги одбере оние кои ќе влезат во протокол за мечевите со Швајцарија и Чешка од крајот на квалификациите аз ЕП во Полска 2016 година. Повратник во дресот со државниот грб е Димитриевски, а заради повреди испадна Неловски.

Повеќе...

ВИДЕО: Како се прославуваше титулата на пат од Келн за Барселона!

11391293 910793652317429 36742339328740704 n

Со чартер лет од Келн веднаш по завршувањето на финалето, Барселона се врати дома во Каталонија, Но славјето започна уште во авинот каде ракометарите и нивните најблиску со песна го славеа најголемиот трофеј од сезоната. Во авионот беше претседателот на клубот, Жозеп Мариа Бартоломеу, кој ги пофали своите ракометари и Карабатиќ го нарече „ракометниот Меси„.

Повеќе...

Шампионите за награда ќе играат на „Камп Ноу„

11351256 10153052212978666 6845262644961713506 n

Долгогодишна традиција во спортското друштво Барселона е кога некоја друга секција освен фудбалската ќе освои европска титула, за награда добива ревијален меѓусебен меч на легендарниот „Камп Ноу„. Лазаров и другарите утре од 17:00 часот, додека Меси и соиграчите во спортскиот центар „Сант Жоан Деспи„ го подготвуваа финалето на Лигата на шампионите во Берлин, ќе играат ревијален меч меѓу себе.

Повеќе...

Идната сезона ЕХФ ги УЕФА ги поклопија финалните мечеви

img 7053

19.750 гледачи синоќа во „Ланксес арената„ го следеа финалето помеѓу Барселона и Веспрем, со што ЕХФ уште еднаш го положи испитот што се однесува гледаноста и исполентите трибини. Дури се продадени и 8.000 билети за следното издание, кое ќе се одржи на 28 и 29 мај 2016 година, повторно во Келн. Тоа е само првиот дел од билетите кои етапно ќе се продаваат во текот на остатокот од годината и следната пролет.

Повеќе...

ВИДЕО: Каталонците доминираат во идеалниот тим на завршниот турнир

1433095575 919363 1433107820 noticia grande

Еден ден по завршувањето на најновото издание на Лигата на шампионите, ЕХФ ги објави најдобрите на секоја позиција, избирајќи го идеалниот тим на завршниот викенд. Доминираат ракометарите на Барселона, па дури четворица од нив се најдоа меѓу избраните. За најубав гол е избран голот на Арон Палмарсон, а најдобрата одбрана ја има неговиот клубски другар, Андреас Паличка.

Повеќе...

Лазаров стигна до 984 гола во Европа

11231679 10206827256422611 6637871829815849801 n

Со овие 7 гола во Келн или 42 во 2015 година во европските купови, Кирил Лазаров дојде до 984 гола во европските купови, голем дел од нив (преку 950) постигнати во Лигата на шампионите. Оваа импозантна бројка го става капитенот на македонската репрезентација на првото место на вечната листа на Лигата на шампионите од сеуште активните ракометари. Веројатно единствени кои е блиску до неговата статистика е бившиот негов клубски другар Хуанин Гарсија, кој пред неколку дена потпиша за Адемар Леон и неговиот клубски другар Сергеј Рутенка.

Повеќе...

Шеста титула за Рутенка, трета за Карабатиќ, Виран Морос и Томас

keln 1

Нашиот Лазаров, Сигурдсон, младиот Арињо и тунижанецот Жалуз се приклучија кон групата од 12 ракометари на Барселона кои веќе во минатато ја освојувале Лигата на шампионите. Така Сергеј Рутенка кој не играше во финалето заради повреда и имаше скромен учинок на завршниот турнир, дојде до шестата европска титула и се доближи на само една од големите асови на Барселона од минатото, Шчепник и О Калахан.

Повеќе...

Лазаров ги достигна Панчев, Најдовски и Пандев

mkdsampioni2

Освоената Лига на шампиони во Келн, за Кирил Лазаров е само потврда на местото меѓу легендите на македонскиотн спорт. Тој е првиот наш ракометар кој ја освоил Лигата на шампионите и доаѓа само една недела откако Кузмановски, Мајнов и Стоилов го освоија Челинџ Купот со Одореи од Романија. Но Лазаров влегува во одбраното друштво во кое се само фудбалерите Дарко Панчев и Илија Најдовски со Црвена звезда и Горан Пандев со Интер.

Повеќе...

ВИДЕО: Како беше зад сцената во Келн?

11393141 10153052205428666 6976655326651750515 n

Келн и „Ланксес арената„ станува култно место за европскиот клубски ракомет. Се е германски прецизно, настанот стана глобален ракометен хепенинг, инволвирани се илјадници луѓе, па не чуди зошто договорот е продолжен и до 2020 година љубителите на овој спорт, во Келн ќе ги крунисуваат европскиот првак. Како беше сите овие денови, како зад сцената се подготвуваше овој настан и како уште од утре ЕХФ веќе го планира следниот Final four, погледнете во следниот видео запис на организаторот.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

ФОТО: Фотографија и момент кој Кире го чекаше две децении

lazarov so peharot

Од есента 1995 година, кога дебитираше за Борец против Динамо Букурешт во првото коло на Купот на шампионите, најдобриот македонски ракометар го чекаше овој момент и оваа фотографија - новиот гламурозен пехар на ЕХФ во неговите раце како награда за освоената Лига на шампиони. Безброј обиди, рекорди и постигања му претходеа на овој голем настан. Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) беа дресовите кои Лазаров ги носеше во две децении врвен европски ракомет.

Повеќе...