
Македонските навивачи се дебело мнозинство низ Сент Гален и во „Кројцблахе арената„. Нашите знамиња и црвено-жолтата боја доминираа во малиот спортски објект, каде се очекува подршка слична како онаа на Македонија во Цирих против Швајцарија пред две години.

Шалови, навивачки песни, обоени лица со македонското знаме се вообичаена слика, а еден автобус наши верни симпатизери кои беа во Катар и на гостувањето во Злин минатата година, дојдоа и во Швајцарија по витална победа за пласман на европското првенство во Полска. Само нека биде така и во 60 минути кои наскоро ќе почнат.