hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Копљар и Сипржак, нови соиграчи на Лазаров

kopljar 5

Неколку дена по завршувањето на сезоната Барселона ги претстави првите две засилувања за следната сезона. Нови соиграчи на Кирил Лазаров се Марко Копљар и Камил Сипржак, чии трансфери беа договорени од претходно, а денес и двајцата беа претставени во каталонската престолнина, откако на официјалната веб страна на клубот беа обелоденети договорите.

siprzak 5

Хрватот Копљар доаѓа од ПСЖ и ќе игра на позицијата десен бек како и нашиот Кирил Лазаров. Сипржак е полски кружен напаѓач и потпиша четиригодишен договор по истекот на договорот со Висла Плоцк. Покрај промоцијата на новите засилувања, Барса откри дека се потпишани нови договори со голманот Гонзало Перез де Варгас и со Дани Сармиенто.

Share