hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Манасков: „Позрели сме, затоа славевме полесно одколку пред две години„

SDC11821

Новото засилување на Вардар, Дејан Манасков беше радосен и горд на тимот по победата во Швајцарија. Тој потенцираше дека овој пат зрелата игра на нашите момци, направи полесно одколку пред две години во Цирих да ја совладаме Швајцарија.

Повеќе...

Митков: „Одбраната беше клучен фактор за победата„

SDC11797

Неиграњето на Кирил Лазаров и Ренато Вугринец максимално го искористи Митков, кој со добра игра во двете фази успеа да се наметне. Играше мнгоу сериозно и потврди дека заслужува шанса.

Повеќе...

Со манири на голема селекција, Македонија се прошета низ Сент Гален

deki

Квалификации за ЕП - Полска 2016

Швајцарија - Македонија 17:26 (8:15)

Во убав амбиент во малата „Кројсблахе арена„ во Сент Гален, македонските и швајцарските навивачи беа подеднакво бројни на трибините, на кои имаше 2337 гледачи со платени билети. По победата на Франција во Брно против Чешка, нашите ракометари поопуштено влегоа во мечот и капитенот Кирил Лазаров не ризикуваше и остана на клупата. Нашите момци добро го почнаа мечот и со головите на Миркуловски, Митков и Кирил Лазаров од седмерец, поведовме со 3:5 во 8 минута. Кога Влатко Митков погоди по втор пат во 14 минута, момците на Обрван веќе имаа најубедливи 3:7, па швајцарскиот селектор Брак побара тајм-аут.

Повеќе...

„Галските петли„ ја сомлеа Чешка и без Карабатиќ

tch - fra

Чешка - Франција 24:34 (10:16)

И без својот најдобар ракометар, Никола Карабатиќ, светскиот првак Франција потврди дека е за класа поквалитетна репрезентација од Чешка. Во Брно првопласираната селекција во нашата група, од самиот почетокот до крајот водеше и ги совлада Филип Јиха и другарите со 24:34 (10:16). Доминацијата на момците на Клод Онеста беше очигледна и со неверојатна леснотија ја забележаа петтата победа во групата.

Повеќе...

ФОТО: Црвено-жолтата боја доминира во Сент Гален

mkd svajcarija2

Македонските навивачи се дебело мнозинство низ Сент Гален и во „Кројцблахе арената„. Нашите знамиња и црвено-жолтата боја доминираа во малиот спортски објект, каде се очекува подршка слична како онаа на Македонија во Цирих против Швајцарија пред две години.

Повеќе...

Повеќе од деценија Швајцарија не не совладала, вечерва судат руски судии

makedonija slavje

Европа е насочена кон петтото коло од квалификациите за ЕП во Полска 2016 година. Натпреварот Швајцарија - Македонија, кој се игра вечерва во 20:00 часот во Сент Гален ќе го суди рускиот пар Евгениј Зотин и Николај Волотков, а делегат е Петер Хансон од Шведска. Вечерашниот меч ќе биде шести помеѓу Македонија и Швајцарија, а традицијата вели дека имаме 3 победи, 2 порази и ниту едно реми. Повеќе од една деценија не сме изгубиле од Швајцарија, која два пати не совлада во квалификации за ЕП во Словенија 2004 година.

Повеќе...

Копљар и Сипржак, нови соиграчи на Лазаров

kopljar 5

Неколку дена по завршувањето на сезоната Барселона ги претстави првите две засилувања за следната сезона. Нови соиграчи на Кирил Лазаров се Марко Копљар и Камил Сипржак, чии трансфери беа договорени од претходно, а денес и двајцата беа претставени во каталонската престолнина, откако на официјалната веб страна на клубот беа обелоденети договорите.

Повеќе...

ФОТО: Седумте „бисери„ на Лазаров оваа сезона

7od7

Клубската 2014/15 заврши за ракометните професионалци и до заслужениот одмор следуваат уште двете кола од квалификациите за ЕП во Полска во 2016 година. Кирил Лазаров зад себе остави сезона која без конкуренција е најдобра во неговата кариера. И инвидуално и колективно ова беше сезона на „жетва„ на трофеи и веќе оваа Барселона на Хавиер Пасквал се споредува со таа пред 15 години на Валеро Ривера, која со право ја нарекуваа дрим-тим.

Повеќе...

Талевски дополнително повикан пред гостувањето во Сент Гален

talevski mkd

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, повторно го измени поширокиот список и слично како пред мечот со Франција му даде шанса на Талески. 19 годишниот лев бек ќе тренира вечерва во Скопје, а останува потоа Обрван да реши дали и утре ќе патува за Сент Гален.

Повеќе...

„Алкалоид„ е генерален покривител на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„

KireAlkaloid

На неколку дена до почетокот на првото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„ интересот е огромен, се подготвуваат и најмалите детали за еднонеделното дружење во Охрид, а радува и тоа што проектот го препознаваат сите добронамерници. Така од денес нов генерален покровител на кампот е „Алкалоид„ кој е несебичен помагател на ракометот и спортот во нашата земја. Ова покровителство претставува голем чекор напред во организацијата на кампот и комплетно исполнување на зацртаните идеи. Соопштението за обелоденувањето на соработката ви го пренесуваме во целост.

Повеќе...