Манасков: „Позрели сме, затоа славевме полесно одколку пред две години„
Новото засилување на Вардар, Дејан Манасков беше радосен и горд на тимот по победата во Швајцарија. Тој потенцираше дека овој пат зрелата игра на нашите момци, направи полесно одколку пред две години во Цирих да ја совладаме Швајцарија.
„Мислам дека на овој меч се виде разликата во квалитет помеѓу нас и швајцарците. Во целост контролиравме и дојдовме до значајна победа. Се согласувам дека овој пат беше полесно одколку во Цирих пред две години, но веќе сме зрела репрезентација, а и Швајцарија е многу подмладена, зошто нема големи амбиции до крајот на квалификациите. Посебно ме радува што сите наши ракометари одиграа на висина на задачата и покажаа дека сме озбилна репрезентација. Сега треба да ја довршиме работата в недела со Чешка, а верувам дека можеме„ изјави по мечот Дејан Манасков, кој постигна два гола на мечот во Сент Гален и ја заокружи одличната 2015 година во дресот на Вецлар и македонската репрезентација.




