17 национален Куп и 45 трофеј во кариерата за Лазаров

Со комплетирањето на најуспешната сезона во својата кариера, Кирил Лазаров го освои седмиот трофеј во сезоната и неговиот 17 националец Куп. Купот на Кралот како да му стана специјалност, бидејќи петта година по ред го освојува во дресот на Атлетико Мадрид и Барселона. Ова е негов 45 трофеј во кариерата и најдобар можен крај на сезоната 2014/15.
Сите трофеи на Кирил Лазаров:
Oсвојувач на Лигата на шампионите (1 со Барселона)
Освојувач на IHF Супер глоб:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид (Шпанија) и 2 со Барселона (Шпанија))
Национален првак: 16 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 7 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб) (Хрватска), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 2 со Барселона (Шпанија)
Освојувач на националниот Куп: 17 пати
(2 со Пелистер (Македонија), 5 со Бадел 1862 Загреб (Кроација осигурување Загреб), 5 со Фотекс Веспрем (Унгарија), 3 со Сиудад Реал (Атлетико Мадрид) (Шпанија), 2 со Барселона))
Освојувач на АСОБАЛ Купот:
3 пати (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на АСОБАЛ Суперкупот:
4 пати (2 со Атлетико Мадрид (Реновалиа Сиудад Реал) и 2 со Барселона (Шпанија))
Освојувач на Каталонскиот Суперкуп:
1 пат (со Барселона)




