hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

„Галските петли„ ја сомлеа Чешка и без Карабатиќ

tch - fra

Чешка - Франција 24:34 (10:16)

И без својот најдобар ракометар, Никола Карабатиќ, светскиот првак Франција потврди дека е за класа поквалитетна репрезентација од Чешка. Во Брно првопласираната селекција во нашата група, од самиот почетокот до крајот водеше и ги совлада Филип Јиха и другарите со 24:34 (10:16). Доминацијата на момците на Клод Онеста беше очигледна и со неверојатна леснотија ја забележаа петтата победа во групата.

Мае кој го постигна победоносниот гол во Скопје, со 7 гола беше најефикасен, 6 постигна НГесан, а одбраната на чело со Омејер во целост го неутрализира противникот. Овој резултат може да биде многу позитивен за нашата репрезентација, која во случај на победа во Сент Гален и со реми в недела со Чешка во Скопје, ќе обезбеди пласман на ЕП во Полска наредната година. Франција в сабота ги завршува квалификациите со мечот на домашен терен против Швајцарија, која нема ниту еден бод до сега.

Share