hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Повеќе од деценија Швајцарија не не совладала, вечерва судат руски судии

makedonija slavje

Европа е насочена кон петтото коло од квалификациите за ЕП во Полска 2016 година. Натпреварот Швајцарија - Македонија, кој се игра вечерва во 20:00 часот во Сент Гален ќе го суди рускиот пар Евгениј Зотин и Николај Волотков, а делегат е Петер Хансон од Шведска. Вечерашниот меч ќе биде шести помеѓу Македонија и Швајцарија, а традицијата вели дека имаме 3 победи, 2 порази и ниту едно реми. Повеќе од една деценија не сме изгубиле од Швајцарија, која два пати не совлада во квалификации за ЕП во Словенија 2004 година.

Меѓусебни натпревари на Македонија и Шваjцарија:

Квалификации за ЕП во Словенија 2004 година

Македонија - Швајцарија 24:31
Швајцарија - Македонија 34:30

Квалификации за ЕП во Данска 2014 година

Македонија - Швајцарија 30:24
Швајцарија - Македонија 22:27

Квалификации за ЕП во Полска 2016 година

Македонија - Швајцарија 27:20

Share