hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Драматично финале, тесна победа и седма титула за Барселона

barca cup 2

Барселона - Грањолерс 27:26 (15:14)

Ракометарите на Барселона ја комплетираа перфектната сезона со седмиот трофеј во период од 10 месеци и влегоа во историјата на шпанскиот и европскиот ракомет. Момците на Хавиер Пасквал го добија каталонското дерби против Грањолерс во финалето на Купот во Хихон. Ако многумина очекуваа полесен натпревар, се излажаа, бидејќи Грањолерс беше и тоа како достоен ривал за европскиот првак. Во убав амбиент, Де Толедо и Арко Перез подобро го отворија мечот за Грањолерс, кој поведе со 1:3. Голманот Димитрије Пејановиќ одлично влезе во мечот и ја мотивираше својата екипа да наметне силен ритам и да игра и повеќе од своите можности. Но Барселона на крилата на Карабатиќ и Ентретриос го сврте резултатот и поведе со 10:6 во 20 минута.

Но тогаш „бело-сините„ направија серија од 5:1 и го принудија Пасквал на тајм-аут при 11:11 во 26 минута. Во овој период блескаа Морено и Трехо, а кај Барса незапирлив беше Томас со 6 гола за неполно полувреме. Со 15:14 се отиде на одмор и полна неизвесност околу победникот на Купот на Кралот. Највозрасниот на теренот, Димитрије Пејановиќ ја продолжи својата серија на интервенции и пак Грањолерс влезе во серија од 4:0 и Пасквал побара тајм-аут при 15:18. Цврстата одбрана и головите на Феран Соле и Арко Перез веќе почнаа да ги загрижуваат навивачите на Барселона. Цели 8 минути тимот на Барселона беше без постигнат гол и со својата одбрана и голманот Гонзало ја одржуваше дистанцата со Грањолерс. Нодесбо со прекрасен гол од линијата израмни на 18:18 во 39 минута.

barca kup 1

Но осоколени да се реваншираат за поразот во Памплона минатата година, ракометарите на Грањолерс одговараа на сите опции на фаворитот. Феран Соле и Арко Перез погодуваа за головите на Сигурдсон да не дозволат Барселона да се одлепи (22:22). Во клучната фаза од мечот по исклучувањето на Фигуерос, Барса направи мини-серија од 2:0 со головите на Раул Ентрериос и Нодесбо, поведе со 25:23. Гонзало се разбрани, бранеше и што се брани и што не се брани и има огромна улога во пресвртот. Екипата на Карлос Вивер до крај не се предаваше, но кога на 4 минути до крајот погоди Раул Ентрериос за +3, јасно беше дека титулата ќе ја одбрани Барселона. Грањолерс само го ублажи поразот Риуз Санчез и Феран Соле само го ублажија поразот за финални 27:26. Кирил Лазаров го освои својот четврт последователен Куп на Кралот, иако заради повредата превентивно играше малку. Во победничката екипа на Барселона најефикасни беа Томас со 7 и Раул Ентрериос и Нодесбо со по 6 гола, а Гонзало се надмина себе си и собра 26 одбрани. Кај Грањолерс, Пејановиќ собра 18 интервенции, Феран Соле постигна 5 гола, а Санчез, Мартинез и Трехо погодија по 4 пати. Исто како дрим-тимот на Ривера, Барселона освои седум трофеи од исто толку можно натпреварувања. Кирил Лазаров зад себе ја остави најуспешната сезона во кариерата, а Барселона загуби само еден официјален натпревар во сезоната 2015/16, против Висла во Полска.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share