17 национален Куп и 45 трофеј во кариерата за Лазаров
![]()
Со комплетирањето на најуспешната сезона во својата кариера, Кирил Лазаров го освои седмиот трофеј во сезоната и неговиот 17 националец Куп. Купот на Кралот како да му стана специјалност, бидејќи петта година по ред го освојува во дресот на Атлетико Мадрид и Барселона. Ова е негов 45 трофеј во кариерата и најдобар можен крај на сезоната 2014/15.
Драматично финале, тесна победа и седма титула за Барселона
![]()
Барселона - Грањолерс 27:26 (15:14)
Ракометарите на Барселона ја комплетираа перфектната сезона со седмиот трофеј во период од 10 месеци и влегоа во историјата на шпанскиот и европскиот ракомет. Момците на Хавиер Пасквал го добија каталонското дерби против Грањолерс во финалето на Купот во Хихон. Ако многумина очекуваа полесен натпревар, се излажаа, бидејќи Грањолерс беше и тоа како достоен ривал за европскиот првак. Во убав амбиент, Де Толедо и Арко Перез подобро го отворија мечот за Грањолерс, кој поведе со 1:3. Голманот Димитрије Пејановиќ одлично влезе во мечот и ја мотивираше својата екипа да наметне силен ритам и да игра и повеќе од своите можности. Но Барселона на крилата на Карабатиќ и Ентретриос го сврте резултатот и поведе со 10:6 во 20 минута.
Барса во финалето на Купот и без максимален труд
![]()
Куп на шпанскиот Крал - Полуфинале
Барселона - Анхел Хименез 34:23 (15:12)
Шест дена по освојувањето на Лигата на шампионите, ракометарите на Барселона имаа ново полуфинале и нова мисија. Во Хихон против Анхел Хименез мораа да потврдат дека славјето од Келн одамна заврши. Мечот започна многу израмнето и до 5:5, двете екипи имаа свои моменти. Тунижанецот Жалуз го почна мечот и постигна два гола во раната фаза од мечот. Тимот на Анхел Хименез возврати преку Баена од линијата и Моја Флоридо од позиција на лево крило.
Швајцарија ослабена во Сент Гален во среда
![]()
Селекторот на швајцарската ракометна репрезентација, Ролф Брак, го објави списокот за натпреварот со Македонија на 10 јуни, а на него нема четворица од последниот собир на Швајцарците. Поради повреди ќе отсуствуваат Михал Сваљен (рака), Штефан Фреј Фогел (рамо), Роман Сидоровиц (колено) и Лукас Фон Дешванден (грб).
Барса пристигна во Хихон по Купот на Кралот и седмата титула оваа сезона
![]()
Јубилејното 40 издание на Купот на шпанскиот Крал во ракомет, започнува утре со полуфиналните мечеви, а честа да го отвори турнирот ќе ја има Барселона која и го брани трофејот освоен минатата година. Со еуфорија по освоената Лига на шампиони, момците на Пасквал ќе мора да „стегнат заби„ пред последната цел оваа сезона. Со шест освоени трофеи оваа сезона и серија на рекорди, Барселона бара место во историјата по нешто исклучително и уникатно. Звездите кои ја освоија ASOBAL лигата и Лигата на шампионите минатиот месец, денес пристигна во Хихон.
Познати темите за дискусија на кампот „Кирил Лазаров 7„
![]()
Тимот на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7„ ги подготвува сите детали, бидејќи се наближува денот кога за прв пат ќе биде официјализиран овој камп. Веќе се познати и дел од темите на кои ќе се дискутира .Предавањата ќе ги врши персонал од Специјалната болница за хируршки болести Филип втори, партнерот на летниот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“
Лазаров за ЕКИПА: „Лигата е освоена, целта е сега пласман во Рио„
![]()
Во едно од првите интервјуа по освојувањето на Лигата на шампионите, најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров за порталот ЕКИПА зборуваше за испонетата цел, но и веќе со мислите е со надеж за исполнување на наредната голема цел. „Можам да кажам дека страста воопшто не ми се намали со освојувањето на овој трофеј и ќе сторам се за да го освојам барем уште еднаш. Сега чувствувам и дополнителна сила за да го повторам овој успех, да го искористам моментот бидејќи играм во најдобриот клуб во светот.
Шампионите знаат да играат и фудбал
![]()
Како што многу често се случува и на тренинг, ракометарите на Барселона знаат да одиграат фудбалски меч меѓу себе, но никогаш не играле на големиот „Ноу Камп. Сега како дел од традицијата на клубот, во која секое спортско друштво кое ќе стане европски првак ќе игра ревијален меѓусебен фудбалски меч, новите европски ракометни прваци мораа на фудбалски терен. Лазаров и соиграчите, членовите на стручниот штаб и сите заслужни за триумфот во Келн, минаа убаво попладне како замена за тренинг.
Нова номинација за www.lazarovkiril7.com
![]()
Специјализираниот ракометен портал „Балкан хендбал„ и оваа година прави избор на екипите и поединците кои најдобро работат на интернет од балканските простори во текот на изминатата сезона. Номинирани се 30 екипи и неколку поединци кои на овој начин ја информираат јавноста, своите многубројни навивачи и симпатизери.
Започна продажбата на билети за ЕП во Полска
![]()
Вчера од 10 часот започна официјалната продажба на пакетот билети за наредното Европското првенство, кое во јануари следната година ќе се одржи во Полска. Цените почнуваат од 22 евра за полуфиналето и 26 евра за финалето и постојат шест различни категории кои се достапни за гледачите. „Најсолените„ билети се од 122 евра за полуфиналето и 153 евра за финалето. Сите заврши натпревари ќе се одиграат во новата „Таурон арена„ во Краков.




