Илиќ со три гола пред Лазаров пред финалето
![]()
Со осумте гола против Кил, србинот Момир Илиќ одговори на одличниот настап и седумте гола на Лазаров против Киелце. Двајцата го минаа Микел Хансен кој остана на 103 гола и утре од 18:00 часот, не само што ќе се борат за европската титула, туку и за титулата најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Досега македонецот два пати, а србинот еднаш бил најдобар стрелец на сезона во најсилниот европски Куп.
Веспрем во прво историско финале, утре на мегдан со Барса
![]()
Final four 2015 - Полуфинале
Кил - Веспрем 27:31 (13:13)
Во реприза од ланското полуфинале во Келн, Кил и Веспрем одиграа нов меч со многу емоции во „Ланксес арената„. Македонските судии Николов и Начевски одлично одсудија едно големо полуфинале. Палмарсон прв го отвори резултатот, па Вујин ги предупреди унгарците со нова „бомба„. Паличка побрзо влезе во ритам од Миклер, а Илиќ не го реализира и првиот седмерец за Веспрем. Мина половина од првиот дел, а голови се постигнуваа многу тешко. Руне Данке реализираше за 6:3, по дефинитивното подоброто отворање на мечот на германците. Но Веспрем со Алиловиќ меѓу стативите, преку Илиќ и Иванчиќ за само две минути се доближи до 7:6.
Каталонците едногласни: „Клучот на победата беше Даниел Шариќ„
![]()
Полни со среќа и задоволство, со озарени лица и широки насмевки, ракометарите на Барселона го анализираа мечот и пласманот во финалето. Сите кои се појавија пред новинарите го истакнаа Даниел Шариќ, како клучен човек во финишот кога се „кршеше„ резултатот. „Влеговме во дилема, кога така лесно ја загубивме предноста од 5 гола. Но знаевме што се случи минатата година во слична ситуација. Овој пат не сакавме да се повтори историјата. И не се повтори„ изјави фантастичниот Никола Карабатиќ, кој по 25 минути заработи две исклучувања, но го одигра мечот до крај без проблем и со одличен учинок во двете фази.
Ќе биде ли трета среќа за Лазаров?
![]()
Во своето четврто учество во Келн, Кирил Лазаров го обезбеди третото финале на Лигата на шампионите со надеж дека ќе биде трета-среќа. Откако три пати беше светски првак, еднаш со Атлетико Мадрид и два пати со Барселона, капитенот на македонската ракометна репрезентација утре од 18:00 часот ќе ја има третата шанса да го подигне најзначајниот трофеј во клубскиот ракомет. Првата шанса ја прокоцка како ракометар на Сиудад Реал на 29 мај 2011 година.
ВИДЕO: Лазаров: „Се издигнавме и кога Киелце се враќаше, оваа Барса покажа карактер„
![]()
Многу конкретно и паметно Кирил Лазаров го искористи своето време поминато на теренот и со воодушевувачка партија се избори за своето трето финале. Тој го анализираше полуфиналето почнувајќи од резултатот, до играта до која се дојде до него:
Карабатиќ и Лазаров одлични, Шариќ беше џокерот, Барса во финале
![]()
Final four 2015 - Полуфинале
Барселона - Киелце 33:28 (16:14)
Во преполната „Ланксес арена„ Барселона и Киелце како и пред три сезони играа полуфинале на Лигата на шампионите. Агинагалде прв отвори, но Карабатиќ две секунди подоцна од транзиција израмни (1:1). Започна фајтерски и Раул Ентрериос преку блокот погоди за 2:1 во 5 минута. Лазаров од првиот обид реализираше за 3:2 на истекот од 7 минута. Сигурдсон од контра, веднаш потоа, за прв пат одлепи една од екипите на +2. Летонските судии го исклучија Карабатиќ во 9 минута заради симулација и Бунтиќ и Бјелицки тоа го искористија да израмнат на 4:4.
ФОТО: Пујол го исполни ветувањето, навива од првиот ред со дрес на Томас
![]()
Легедарниот капитен и фудбалер со број 5 на Барселона во последните 15 години, Карлес Пујол како и минатата година од првиот ред долу на теренот, ја следеше својата Барселона заедно со двајца свои пријатели. Пак дефанзивецот го носеше дресот на капитенот, Виктор Томас и со многу емоции го следеше првото полуфинале помеѓу Барселона и Киелце.
Виран Морос: „Да го вратиме пропуштено од мечот со Фленсбург„
![]()
Оптимизам ги грее ракометарите на Барселона пред денешното полуфинале против Киелце. Но никој од каталонскиот табор не помислува да го потцени противникот или да влезе несериозно против Киелце. „Пречесто играме завршниц и се знаеме многу добро. Јас веќе се заморив да ги губам клучните натпревари. Имам два порази во полуфиналето и два во финалето, откако се игра во Келн. За она што го пропуштивме минатата година со Фленсбург, мислам ни недостига еден трофеј. Верувам дека оваа година е вистинската. Но кога ќе дојдете во Келн, тоа е признание дека сте имале успешна сезона и дека сте дошле во многу тесен круг за освојување на европската титула„ изјави специјалистот за одбрана, Виран Морос, кој во Келн играше и како член на Сиудад Реал и сега во дресот на Барселона.
Барселона пред Кил на вечната листа во Лигата на шампионите
![]()
Откако во 1993 година ЕХФ го смени системот на натпреварување и наместо Купот на шампионите и два елиминациони натпревари се до финале, воведе групна фаза, а пред шест години и Final four, ракометот доби нова димензија и стана глобален спектакл. За тоа се најзаслужни и две екипи како Кил и Барселона, кои скоро секоја година се присустно во самиот врв на европскиот ракомет и освојуваат трофеи. На вечната листа, тоа се единствените екипи со преку 300 бода и 70% успешност и очекувано се на врвот.
Киелце никогаш не ја победил Барселона
![]()
Денес во „Ланксес арената„ во Келн, Барселона и Киелце по четврт пат ќе се сретнат во официјален натпревар. Две победи на каталонците и еден нерешен резултат е досегашниот скор. Прв пат овие екипи играле во октомври 2010 година, кога Киелце загуби на домашен терен со 26:33 (11:18). Една недела подоцна во меч кој ништо не значеше во групната фаза, двете екипи играа нерешено 28:28 (15:12). Киелце и Барселона последен пат се сретнаа во јуни 2013 година, кога во полуфиналето на Final four турнирот пред две години, Барса на Пасквал го победи Киелце на Богдан Вента со 28:23 (13:10).




