hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ФОТО: Седумте „бисери„ на Лазаров оваа сезона

7od7

Клубската 2014/15 заврши за ракометните професионалци и до заслужениот одмор следуваат уште двете кола од квалификациите за ЕП во Полска во 2016 година. Кирил Лазаров зад себе остави сезона која без конкуренција е најдобра во неговата кариера. И инвидуално и колективно ова беше сезона на „жетва„ на трофеи и веќе оваа Барселона на Хавиер Пасквал се споредува со таа пред 15 години на Валеро Ривера, која со право ја нарекуваа дрим-тим.

Сега модерниот дрим-тим на Пасквал е екипа која три сезони не знае за пораз во Шпанија и има само еден пораз од преку 50 натпревари во сите натпреварувања. Тешко дека ќе може да се повтори сезона како оваа, во која нашиот репрезентативен капитен беше најдобар клубски стрелец во Лигата на шампионите и ASOBAL лигата. Нема клубски трофеј кој не го освоил и веројатно наредната цел е поврзана со репрезентацијата и можноста за прв пат една наша селекција да заигра на Олимписки игри. Првиот чекор е победа во Сент Гален во среда навечер против Швајцарија.

Share