Познат распоредот во групата, дебито со Франција
![]()
Неколку минути по завршувањето на ждрепката, компјутерот го одреди и распоредот на натпревари во сите четири групи. За нас најважно е што на стартот од групата А ќе се сретнеме со Франција, а последен ривал ќе ни биде Србија. Сатницата дополнително ќе биде одредена од организаторот.
„Група на смртта„ за Лазаров и соиграчите во Краков
![]()
Денес во Краков се одржа церемонијата на извлекувањето на групите за наредното европско првенство во Полска, наредниот јануари 2016 година. Најнапред со неколку точки, Полска најави дека подготвува спектакуларно првенство од 15 до 31 јануари идната година, а скоро еден час подоцна, топчињата ни ја донесоа следната група. Македонија се најде во групата А во Краков со два големи фаворити за освојување на златото, домаќинот Полска и првакот на сите ракометни приредби во последните неколку години, Франција, како и со незгодната Србија. Со „галските петли„ игравме во квалификациите и два пати загубивме.
Лазаров: „Охрид е вистинскиот избор за нашиот камп„
![]()
Преостануваат само уште неколку дена до почетокот на првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7„. Листата на учесници е затворена, а тимот на Лазаров и самиот ракометар ја направија последната инспекција во Охрид и се уверија дека се е во најдобар ред и кампот в понеделник официјално ќе биде отворен.
ФОТО: Признание за Лазаров од факултетот за физичко образование
![]()
Одличната сезона и остварувањето на зацртаните цели на Кирил Лазаров, не остана незабележана од страна на многу организации, федерации и структури во нашата земја. Така вчера и факултетот за физичко образование, каде Лазаров е вонреден студент, го награди со плакета како признание за најдобрата сезона во кариерата.
Списокот на учесници официјално е затворен, а бројот надминат
![]()
Подготовките за првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7" кој од 22 до 28 Јуни ќе се оджи во Охрид се во завршна фаза. Хотелот „Акваина„ е подготвен да ги прими гостите, спортската опрема исто така, а подготовката на спортските терени и целиот комплекс се во финална фаза. Списокот на учесници на кампот е затворен и на наше големо задоволство бројот на пријавени учесници е надминат. Кирил Лазаров завршувајќи ги перфектно сите обврски кон својата Барселона и македонскиот национален тим, заедно со својот стручен тим на тренери комплетно се насочува на кон уште еден голем предизвик - ракометниот камп.
Лазаров ја заврши сезоната со 7 трофеи, 77 меча и 413 гола
![]()
Мечот Македонија - Чешка беше последен 77 во сезоната 2014/15 за капитенот на нашата ракометна репрезентација Кирил Лазаров. Тој со 11 гола против чесите, не одведе на европското првенство и ја подобри својата инвидуална статистика за разлика од минатата сезона 2013/14. Дури и можеше да биде и поефикасен, ако го заобиколеа малите повреди, пред се на крајот од сезоната. Но покрај инвидуалните бројки, најважно е што оваа сезона Лазаров освои седум трофеи, ја квалификува Македонија на ЕП во Полска и веројатно во Олимписките квалификации за Рио де Жанеиро.
Лазаров е најдобар стрелец во квалификаците за Полска 2016
![]()
Ако Момир Илиќ му побегна во минатата сезона на Лигата на шампионите на врвот на листата на стрелците, Кирил Лазаров на убедлив начин стана најдобар стрелец во квалификациите за ЕП во Полска идната година. Капитенот на нашата репрезентација постигна 56 гола на 6 натпревари, што е фантастичен просек од 9,2 гола по натпревар. Веднаш зад него се турчинот Рамазан и словенецот Гајиќ.
Македонија во третиот шешир во ждрепката во петок
![]()
Организаторот веќе ги подготви сите детали за ждрепката за наредното европско првенство во Полска следната година. Петок од 14:30 часот во Краков ќе видат познати четирите групи, а со тоа и противниците на македонската репрезентација. Момците на Обрван се сврстени во третиот квалитативен шешир и не може да бидат сврстени во иста група со Русија, Германија и Белорусија.
Познати сите учесници на шампионатот, Б и Х најголем губитник
![]()
Со одигрувањето на мечевите од последното шесто од квалификациите, познати се сите 16 селекции кои ќе играат на европското првенство во Полска во јануари 2016 година. Со исклучок на Б и Х, сите селекции од бившите југословенски простори ќе играат на турнирот во Гдањск, Вроцлав, Катовице и Краков (домаќин на финалните натпревари). Црна Гора како најдобра третопласирана обезбеди свое второ учество на европско првенство. Ждрепката за наредниот голем собир е в петок на 19 јуни во Краков.
Ристовски: „Одигравме колку што треба, како што играат големите селекции„
Еден од најискусните во нашиот табор, Борко Ристовски ја истакнува важноста на победата и пласманот на следната голема приредба. Голманот на Кретеј смета дека како што победуваат големите репрезентации, со многу искусна игра и колку што треба за да се добие Чешка.




