
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, повторно го измени поширокиот список и слично како пред мечот со Франција му даде шанса на Талески. 19 годишниот лев бек ќе тренира вечерва во Скопје, а останува потоа Обрван да реши дали и утре ќе патува за Сент Гален.
На позицијата десен бек е најпроблематично, со оглед на повредата на Лазаров и недоаѓањето на Вугринец. Мечот меѓу Швајцарија и Македонија се игра в среда во 20 часот.