ВИДЕО: Лазаров: „Сонот е остварен, колекцијата е комплетирана, медалот е за мојот татко„
![]()
Стегна заби и покрај болката која го пратеше во текјот на мечот и Кирил Лазаров го испиша своето најзначајно поглавје во кариерата. Успеа да ја освои Лигата на шампионите во ракомет и убаво беше да се види македонското знаме и на теренот и на трибините, па и околу вратот на Лазаров при изјавите.
Томас: „Денес бевме перфектни и во одбраната и во нападот„
![]()
На официјалната прес-конференција двајцата шпански тренери беа едногласни дека поквалитетната екипа ја однесе победата и трофејот, а капитенот на Барса, Томас откри дека поразите на последните два турнири, ја направија екипата посилна.
Наредниот викенд Барса го освојува седмиот трофеј оваа сезона?
![]()
Заврши еден, а Барса ја очекува нов Final four за да ја заокружи сезоната со уште еден трофеј, седми оваа сезона. Имено момците на Пасквал нема да имаат многу време за славје, бидејќи на 6 и 7 јуни во Хихон ќе играат на завршниот турнир на Купот на Кралот, а титулата ја бранат од минатата година.
Момир Илиќ е најдобар стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона
![]()
Српскиот репрезентативец и двојниот европски првак во периодот кога го носеше дресот на Кил, Момир Илиќ е најдобар стрелец за сезоната 2014/15. Тој постигна 8 гола во полуфиналето и 5 во финалето во дресот на Веспрем и на крајот му побегна за 8 гола на нашиот Кирил Лазаров, која заради повредата играше многу малку и не постигна гол во финалниот меч.
Никола Карабатиќ е МВП на завршниот турнир во Келн
![]()
Немаше дилеми кој е најдобриот ракометар во овој викенд за уживање во Келн. Никола Карабатиќ лидерски ја водеше Барселона, исто како што во минатото ги водеше и Монпеље и Кил и како што со Франција го покори ракометниот свет. Неговиот стил на игра, односот кон дресот на Барселона, пожртвуваноста и 14 гола во двата меча (8 во полуфиналето и 6 во финалето) со право по втор пат му го дадоа МВП признанието во Келн.
Лазаров го оствари сонот, највредниот трофеј е 44 во кариерата
![]()
Конечно Кирил Лазаров го оствари сонот и го освои највредниот трофеј во клубскиот ракомет. Тој е европски првак во дресот на најтрофејната и најмоќна екипа на планетата. Целиот пот и жртвување се исплати и капитенот на нашата репрезентација сега има колекција на трофеи од сите најзначајни ракометни натпреварувања кои постојат во Европа. Овој трофеј за Лазаров е 44 во кариерата. Со ова темпо брзо ќе ја „раситне„ и 50 ката. Веќе наредниот викенд има нова шанса за трофеј.
Вонсерискиот Карабатиќ ја донесе Барса на врвот на Европа
![]()
Final four 2015 - Финале
Барселона - Веспрем 28:23 (14:10)
Првото меѓусебно финале на Барселона и Веспрем во Лигата на шампионите комплетно ги оправда очекувањата. Финалето со свој гол го отвори најдобриот стрелец во сезоната, Момир Илиќ. Реплицираше Карабатиќ со нова инвидуална мајсторија (1:1). „Летечкиот„ Сигурдсон од неверојатен агол за прв ја доведе Барса во водство во 7 минута. Следуваа две „минијатури„ од спротивната страна, каде Томас погоди за 5:3 во 9 минута.
Киелце пак го доби Кил и го освои третото место во Келн
![]()
Final four 2015 - Меч за трето место
Киелце - Кил 28:26 (12:12)
Како и пред три сезони, во малото финале ден по поразите во полуфиналето мораа да играат Киелце и Кил и пак тоа го направија со изменети состави, но сепак со желба за утешна победа. Полскиот првак настапи без Зорман и Агинагалде, кои влечат повреди и ровити играа во полуфиналето. Дувњак и Шпренгер подобро го отворија мечот и „зебрите„ поведоа со 3:5 по 10 минути игра. Но Киелце благодарение на Шмал, 8 минути не прими гол и германецот Рајхман погоди од седум метри за 6:5 во 18 минута. Реакцијата на германскиот првак ја донесе данскиот среден бек во заминување, Лауге Шмит кој погоди два пати за 8:7 во 22 минута. Ветеранот Лундстром два пати реализираше од полуконтра од неговата позиција на лево крило за 9:9 на 5 минути до одморот.
ФОТО: Навивачите се загреваат за финалето пред „Ланксес арената„
![]()
Иако и денес во Келн е облачно и има голема веројатност за дожд, стотици навивачи на финалистите Барселона и Веспрем уште неколку часа пред финалето се загреваат со добро познатото домашно пиво „Келш„ за финалето на Лигата на шампионите.
ЕХФ веќе продаде 6.000 билети за наредниот Final four
![]()
Колку Келн и „Ланксес арената„ е успешен проект покажува и податокот дека само вчера на полуфиналниот ден на овосезонскиот завршен турнир, кога беа пуштени во продажба првиот пакет на билети, продадени се 6.000 комплети за наредното издание на Final four турнирот во 2016 година.




