hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Миркуловски: „Ние сме тим, а не инвидуалци и тоа го покажавме„

SDC11817

Филип Миркуловски беше еден од лидерите на нашата репрезентација во победата во Сент Гален. Тој по мечот го размени дресот со Андре Шмит, но претходни ни изјави дека оваа генерација покажува зрелост и каризма: „И без неколку клучни ракометари покажавме дека сме тим, пред се, а не инвидуалци. Потврдивме и без Лазаров дека сме веќе зрела репрезентација и дека вакви противници по секоја цена мора да ги совладуваме.

Тоа што Франција ја победи Чешка ни даде дополнителна опуштеност и го отргна притисокот од нас и мислам дека тоа се забележа на теренот. Македонија е на чекор до европското првенство и мора в недела да ја завршиме работата. Ако играме вака и ако му пристапиме вака на мечот, мислам дека нема да има проблем„ рече новиот ракометар на Вецлар. Сега тој и соиграчите имаат неколку дена да се рекуперираат и да одиграа вака и в недела против Јиха и другарите.

Share