hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: „Најдобро би било да славиме, а да нема потреба да влегувам во игра„

lazarov press

По серијата на проблеми и тренинзи во кои не тренираше со максимален интензитет, капитенот на националната репрезентација Кирил Лазаров најави дека добро се чувствувал по утринската работа и дека ако затреба ќе настапи и ќе помогне.

„По подолго време утрово го одработив првиот тренинг, имав мала болка, но откако се загреав, се чувствував подобро. Јас најавив и повторувам дека сум на располагање, ова е последен натпревар и нема што да се загуби. Од друга страна би бил посреќен ако нема потреба од мене, ако преседам на клупата и да се израдувам на победа на Македонија. Сакам да се навратам назад на мечот во Чешка, каде што во еден дел од натпреварот бевме во негатива од 7-8 гола, тоа доволно кажува дека не очекува многу тежок меч в недела без разлика што дадовме една екстра партија против солидната Швајцарија. Сакам да им честитам на моите колеги и стручниот штаб, кои одиграа интелигентно. Бевме релаксирани затоа што пред тој меч дознавме дека победата не ни е задолжителна. В недела нема да биде така, ќе биде поинаку, тоа ќе биде меч да се биде или не. Без разлика на нивните проблеми Чесите нема да дојдат со бело знаме, во тоа сум сигурен, но исто така сум сигурен и дека ќе дадеме уште една голема партија и ќе го продолжиме континуитетот на големи натпреварувања" изјави Лазаров. Мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски„ во Скопје в недела од 17:45 часот.

Share