Митков: „Одбраната беше клучен фактор за победата„
Неиграњето на Кирил Лазаров и Ренато Вугринец максимално го искористи Митков, кој со добра игра во двете фази успеа да се наметне. Играше мнгоу сериозно и потврди дека заслужува шанса.
„Одигравме одлична одбрана и тоа беше решавачкиот фактор за нашата победа. Бевме цврсти цел натпревар, игравме умно и во нападот и во одбраната, посебно во првото полувреме. Не трошевме многу топки, игравме до чиста позиција и тоа ни донесе предност.Јас по подолго време имав солидна минутажа во репрезентацијата, играв и напад и одбрана и сметам дека добро одработев за тие 45 минути. Најважно е дека победивме, сега не чека најважниот натпревар во квалификациите, се надевам дека ќе продолжиме како и до сега„ потврди изненадувањето на мечот, Влатко Митков. Добро е што ракометари како него одлично ја користат својата минутажа и потврдуваат дека местото им е на поширокиот список на Обрван.




