
Ивица Обрван има проблеми со составувањето на тимот за мечот со Чешка, но не се без проблеми и нашите противници. Чешкиот селекторски тандем Филип - Кубеш е принуден на уште една замена во пресрет на мечот во Скопје. Роман Бечвар поради повреда отпадна од комбинација и нема утре да допатува во Скопје.
На негово место дополнително е повикан крилниот ракометар Јиржи Мотл од Место Ловосице. На Чешка му треба подвиг и само со победа може да се квалификува на ЕП во Полска следната година. Останатите два резултати му одат во прилог на македонската репрезентација.