hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Тешка победа над Чешка и „билет„ за Полска идната година

kirecz1

Квалификации за ЕП - Полска 2016 година

Македонија - Чешка 32:28 (15:12)

Со многу изостаноци и Македонија и Чешка го дочекаа клучниот меч за второто место во квалификационата група за пласман на европското првенство во Полска. Филип Лазаров и Влатко Митков го отворија мечот со важни голови, како би парирале на добриот чешки старт. Штобл на чешкиот гол добро го почна мечот, а Здрахала во 5 минута погоди за 2:4. Брзо се консолидиравме и Манасков и Митков во 7 минута израмнија на 4:4. Узек од позиција на кружен напаѓач погоди два пати по ред за 4:6 во 11 минута.

Никако не успевавме да влеземе во ритам и Борко Ристовски и Дејан Манасков не држеа во резултатски егал. Капитенот Кирил Лазаров во игра влезе во 17 минута и веднаш додаде до Георгиевски за 7:7. Бабак погоди по три наши нереализирани напади и при 7:9 во 19 минута, Ивица Обрван побара тајм-аут. Капитенот веднаш реализираше за -1, совладувајќи го Штобл, во уште еден нивни меѓусебен дуел. Нашиот постојан лов на противничкото водство заврши со два гола на Дејан Манасков за 11:11 и тајм-аут на чешката клупа во 26 минута. Новиот ракометар на Вардар, погоди по четврт пат за прво наше водство и мини-серија од 3:0 за Македонија. Кирил Лазаров со „сув лист„ од седмерец го постигна својот трет, па од игра и четврт гол за 14:11 во 29 минута. По лошиот старт на средбата беше одлично да се заврши првиот дел со 15:12 со реализиран казнен удар на Лазаров.

kirecz2

Вториот дел почна со по три обострани гола и далеку поинаква наша самодоверба за разлика од почетокот на првиот дел. Капитенот Лазаров со шестиот гол за прв пат ни донесе 4 разлика во 33 минута. Стоилов на додавање на нашиот најдобар ракометар реализираше за 20:16 и нашата игра делуваше многу поразновидно и поорганизирано. Прибак инвидуално пробиваше, но и Бабак на спротивната страна имаше одговор за нашата одбрана (22:18). Здрахала го вклучи алармот во нашата одбрана и намали на 22:20. Но Лазаров веќе беше оној стариот, ни малку кондициониран од повредата во Келн, и погоди по седми пат за +3 во 42 минута. Во моментите кога останавме со човек помалку по исклучувањето на Кирил Лазаров, Борко Ристовски фати две важни топки и ја одржа дистанцата од 3-4 гола. Хрстка по тајм-аутот на Чешка, намали на 25:23 на 10 минути до крајот.

kirecz3

Но Македонија не може без драма и кога Хес реализираше контра за -1, во 52 минута Обрван побара минута одмор. Веднаш реагираше нашиот напад и Гоце Георгиевски како втор кружен напаѓач, постигна важен гол за 27:25. Во многу битен момент Кирил Лазаров погоди од седум метри за својот десетти гол и +2 на 6 минути до крајот. „Бомбата„ на Филип Лазаров како да беше „печат„ на нашата победа и пласманот на европското првенство во Полска. Немања Прибак со ефектен лоб го заокружи својот позитивен меч за 31:27 во 58 минута. На крајот победа од 32:28 и со овој трет триумф во групата, Македонија како второпласирана зад Франција во групата обезбеди учество на европското првенство идната година во Полска. По несигурниот старт, Македонија загосподари со мечот и во вториот дел покажа дека умее со оваа Чешка веќе со години. Капитенот Кирил Лазаров со 11 гола повторно беше најефикасен.

Share