hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Девет години Чешка не ја победила Македонија, утре судат романски судии

mkd - sui

Утрешниот одлучувачки натпревар за второто место во 7 квалификациона група за пласман на ЕП во Полска помеѓу Македонија и Чешка е осми во историјата на овие две селекции. Ако во првите натпревари и не бевме така успешни, на последните мечеви сме постојано подобри и немаме пораз од Чешка од есента 2006 година. Мечот кој почнува утре од 17:45 часот во СЦ „Борис Трајковски„ ќе го водат романците Сорин Лаурентину Дину и Константин Дин, кои го водеа и финалето на Лигата на шампионите минатиот месец во Келн.

Меѓусебни натпревари помеѓу Македонија и Чешка:

Квалификации за ЕП - Шпанија 1996
Чешка - Македонија 33:16
Македонија - Чешка 27:27

Квалификации за СП - Германија 2007
Македонија - Чешка 36:31
Чешка - Македонија 43:25

ЕП - Србија 2012
Македонија - Чешка 27:21

ЕП - Данска 2014
Македонија - Чешка 24:24

Квалификации за ЕП - Полска 2016
Чешка - Македонија 27:27

Share