hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: „Да играме утре, полесно ќе ја совладаме Чешка„

FLP 8432-640x360

Почетокот на мечот беше проблематичен, но Македонија покажа искуство и карактер и во финишот на првиот дел со влегувањето на Кирил Лазаров во игра, започна нашиот пресврт. И покрај двојбите сепак за издвојување е учеството на нашиот петти голем настан, почнувајќи од европското првенство во Србија во 2012 година.

„За сите нас најважно е дека на крајот се пласиравме на Европското првенство во една тешка група. Ова е голема работа за нашит ракомет затоа што во континуитет учествуваме на големи натпреварувања, и треба да се гордееме со оваа генерација репрезентативци. Можеби требаше уште порано да ја завршиме работата на денешниот дуел, а не да го носиме мечот кон неизвесна завршница, но на крајот од сезоната има и мал пад на концентрацијата. Ми се чини дека ако утре играме со Чешка ќе ја добиеме многу полесно. Сепак, добрата партија против Швајцарија ни даде дополнителен мотив и покажа дека сме на врвот од европскиот врв" истакна 11 кратниот стрелец веднаш по мечот.

ФОТО: 24 ракомет

Share