
Во последен момент македонската ракометна репрезентација го доби Горан Кузмановки како замена за повредениот Филип Миркуловски. Искусниот среден бек нема настап од април 2013 година, но зад себе остави одлична сезона во редовите на Одорхеи, со кој го освои Челинџ купот.
Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра в недела во 17:45 часот, во СЦ „Борис Трајковски". Од РФМ соопштија дека билетите се продадени, така што се очекува полна сала и огромна поддршка за нашите репрезентативци. Победа и нерешен резултат ќе значи пласман на македонската репрезентација на ЕП во Полска.
ФОТО: Спортмедиа