hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија по четврт пат на европско првенство

3185 52d831674a4

Македонската ракометна репрезентација по четврт пат во својата историја ќе игра на завршниот турнир на европско првенство. Со освојувањето на второто место во 7 група од квалификациите, момците на Обрван најнапред обезбедија место во ждрепката во Краков на 19 јуни, а потоа во јануари идната година и на шампионатот меѓу 16 најдобри на континентот.

Во две од претходните три учества, Македонија ја минувала групата, а пред три години во Ниш и Белград испиша историја со пласманот на петтото место.

Македонија на европските првенства:

ЕП - Италија 1998 година - 12 место

ЕП - Србија 2012 година - 5 место

ЕП - Данска 2014 година - 10 место

Share