Ристовски: „Одигравме колку што треба, како што играат големите селекции„

Еден од најискусните во нашиот табор, Борко Ристовски ја истакнува важноста на победата и пласманот на следната голема приредба. Голманот на Кретеј смета дека како што победуваат големите репрезентации, со многу искусна игра и колку што треба за да се добие Чешка.
„Чешка одигра квалитетно, а ние можеби мислевме дека ќе биде полесно. Покажавме дека сме доста квалитетна репрезентација, во клучните моменти го решивме натпреварот и потоа се „држевме„ во свои раце. Кога ќе се пласирате на европско првенство, тоа е огромна работа. Ние одигравме толку колку што треба, во манир на голема репрезентација. Во второто полувреме ја имавме контролата, кога тие се приближуваа, секој од нас даваше дополнителен напор и повторно правевме солидна разлика„ изјави голманот Ристовски. За него ова ќе биде трето европско првенство, по Србија и Данска, каде Македонија секогаш ја минуваше групната фаза.




