
Со одигрувањето на мечевите од последното шесто од квалификациите, познати се сите 16 селекции кои ќе играат на европското првенство во Полска во јануари 2016 година. Со исклучок на Б и Х, сите селекции од бившите југословенски простори ќе играат на турнирот во Гдањск, Вроцлав, Катовице и Краков (домаќин на финалните натпревари). Црна Гора како најдобра третопласирана обезбеди свое второ учество на европско првенство. Ждрепката за наредниот голем собир е в петок на 19 јуни во Краков.
Учесници на европското првенство во Полска 2016 година
Македонија
Полска
Хрватска
Норвешка
Данска
Белорусија
Шведска
Словенија
Исланд
Србија
Унгарија
Русија
Франција
Шпанија
Германија
Црна Гора