Познат распоредот во групата, дебито со Франција

Неколку минути по завршувањето на ждрепката, компјутерот го одреди и распоредот на натпревари во сите четири групи. За нас најважно е што на стартот од групата А ќе се сретнеме со Франција, а последен ривал ќе ни биде Србија. Сатницата дополнително ќе биде одредена од организаторот.
15 јануари - Македонија - Франција
17 јануари - Македонија - Полска
19 јануари - Македонија - Србија
Полска ќе биде 12 организатор на европско првенство, а на овој шампионат ќе се најдат сите бивши шампиони. Заедно со Катовице, Краков беше по дистанца најпосакуван град пред ждрепката, па скоро сигурно Македонија ќе има голема подрша во натпреварите од групната фаза. Ако момците на Обрван ја минат првата фаза, тогаш и втората група и наредните три натпревари ќе ги играат во Краков, каде ќе се играат и полуфиналните и финалните натпревари.




