
Преостануваат само уште неколку дена до почетокот на првиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7„. Листата на учесници е затворена, а тимот на Лазаров и самиот ракометар ја направија последната инспекција во Охрид и се уверија дека се е во најдобар ред и кампот в понеделник официјално ќе биде отворен.
„ Интересот за првиот камп е многу голем, што уште на почетокот ни дава одговорност и голем мотив повеќе. Охрид како главен туристички центар во нашата земја заслужува ваков ракометен камп и не случајно го одбравме за домаќин. Ќе имаме идеални услови и се оди според планот, па не очекува возбудлива недела„ истакна Лазаров. Од 22 до 28 јуни огромен број ракометни надежи ќе бидат дел од програмата на кампот.