hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија во третиот шешир во ждрепката во петок

Poland 2016 draw 670

Организаторот веќе ги подготви сите детали за ждрепката за наредното европско првенство во Полска следната година. Петок од 14:30 часот во Краков ќе видат познати четирите групи, а со тоа и противниците на македонската репрезентација. Момците на Обрван се сврстени во третиот квалитативен шешир и не може да бидат сврстени во иста група со Русија, Германија и Белорусија.

1 шешир: Франција, Данска, Шпанија, Хрватска

2 шешир: Исланд, Полска, Шведска, Унгарија

3 шешир: Македонија, Русија, Германија, Белорусија

4 шешир: Србија, Норвешка, Словенија, Црна Гора

Познато е и дека стратешки организаторот ќе ја стави Полска во групата во Краков, Хрватска во Катовице, Германија во Вроцлав и Данска во Гдањск. Најдобрите три селекции од секоја група ќе продолжат во втората групна фаза. Европското првенство ќе се одржи од 15 до 31 јануари 2016 година, а титулата ја брани Франција.

Share